Печати

Супа од моркови и портокал

Состојки:

  • 30 гр. путер
  • 1 кромид, исецкан
  • 450 гр. моркови, тенко исецкани
  • 600 мл зеленчуков сок за супа
  • 1 лажичка коријандер
  • 1 портокал, сок и пулпа
  • Морска сол, црн бибер

Подготовка:

  1. Стопете го путерот во тава. Додадете го кромидот и морковите и помешајте. Гответе 5 минути.
  2. Помешајте ги преостанатите состојки, покријте ја тавата и гответе 30 минути.
  3. Дозволете супата малку да се олади. Испасирајте во блендер или процесор за храна.
  4. Вратете ја во тавата и повторно загрејте ја.