Hurom SlowJuicer
Печати

Предности

Консумирањето свежи сокови ни овозможува да внесеме жива храна во организмот, полна со ензими, хранливи материи како витамини и минерали во високоапсорблива органска форма и други нутритиенти кои не можеме да ги внесеме со термички обработената храна. Во тој поглед, ќе ја истакнеме важноста од квалитетен соковник за секојдневно правење на вашите омилени комбинации на свежи сокови. Hurom Slow Juicer претставува навистина нов револуционернен соковник. Тој многу брзо се искачи на првото место на листата апарати кај секој кој практикува здрав животен стил. Овој соковник не е центрифугален соковник со сечила што го рендат зеленчукот, туку претставува потполно нова категорија во технологијата за правење сок. Освен тоа, нуди значајни предности кои го прават овој апарат да биде уникатен, што го прави доволно корисен за да најде посебно место во вашата кујна.

 

Недостатоците на центрифугалните соковници

Центрифугалните соковници всушност ја „рендаат“ вашата храна за да ја одделат пулпата од сокот. Брзо ротирачката нож-кошница овозможува сокот да излезе од кошницата додека пулпата е распространета во садот за нејзино задржување. Ова претставуваше статус-кво за потрошувачите приближно една деценија.
Центрифугалните соковници се добри – многумина ги користеа со години – но, имаат свои недостатоци. На пример, се губи многу сок кој останува во растителните влакна од овошјето и зеленчукот. Тоа значи дека ќе треба да ставите голема количина на овошје или зеленчук за да добиете релативно мала количина на сок.
Исто така, постапката претставува рендање на храната на илјадници тенки парчиња со што се изложуваат на многу брза оксидација. Многу нутриционисти веруваат дека тоа предизвикува брза загуба на нутритивниот квалитет на сокот. Постапката на рендење, исто така, може да предизвика и физичка штета на некои фитонутриенти, намалувајќи го нутритивниот потенцијал на добиениот сок. Отсекогаш постоеја сомневања во врска со тоа колку од хранливите материи се губат за време на овој процес, а реално колку од нив остануваат за да ги консумираме и апсорбираме од страна на нашиот организам.

 

Недостатоците на двобрзинските соковници

Двобрзинските соковници (со изџвакување на храната) произведуваат сок со подобар квалитет од центрифугалните соковници. Тие бавно ја цедат младата пченица, никулците и другите видови овошје и зеленчук преку еднобрзински или двобрзински процес кој екстрахира повеќе сок од центрифугалните соковници.
Токму затоа „најтврдокорните“ вегани и оние кои се на сурова исхрана, веќе неколку години користат двобрзински соковници. Недостатокот на овие машини, е дека тие многу бавно го прават сокот и е потребно повеќе време за расклопување, чистење и повторно склопување. Исто така, тие се многу тешки и прилично скапи во споредба со центрифугалните соковници.
Некои корисници дури и по неколку години имале двобрзински соковник кој само „стоел“ на работната површина во нивната кујна затоа што биле уморни од постојаното расклопување, чистење и повторно склопување. Дури и центрифугалните соковници многу побрзо и полесно се чистат од нив!

 

Ви го претставуваме „бавниот сок“ од Hurom бавниот соковник

Hurom slow juicerСега, нов епохален уред за правење сокови ги надминува сите недостатоци на центрифугалните и двобрзинските соковници. Hurom бавниот соковник е навистина извонредна машина која претставува неколку чекори понапред во технологијата за правење сокови. Оваа машина едноставно е неверојатна – и веќе стана постојан уред во кујната на многумина нутриционисти, вегани, оние кои се на сурова храна, како и многумина кои практикуваат здрав животен стил.
Оваа машина го прави сокот ПОБРЗО од центрифугалниот соковник, а сепак нема делови кои се движат брзо: Нема центрифугален нож- кошница, не го ренда овошјето и зеленчукот и воопшто не е бучна. Јас обожувам да правам сокови со овој уред!
Тој е полесен и поефтин од двобрзинските соковници, а сепак прави исто толку сок, како и тие! Освен тоа, тој е сестран уред со кој освен овошни и зеленчукови сокови, исто така можете да направите бадемово млеко, соино млеко, сусамово млеко, па дури и оризово млеко!
Тајната е во технологијата за правење на „бавен сок“ која е усовршена и патентирана од компанијата Hurom. Оваа технологија користи принцип на „дробење и изџвакување“ кој го „отстранува“ сокот од овошјето, зеленчукот, јатки и семиња. Тој користи само една брзина, не е двобрзински, а едноставноста и интелигентноста на дизајнот го прават да биде вистински и правилен избор за вашата работна површина – тој изгледа како центрифугален соковник, но функционира на потполно различен, потполно нов начин.

| Контакт| Веб продавницаCopyright © 2012 Hurom Slow Juicer