Hurom SlowJuicer
Печати

Најчести проблеми

  • Мојот соковник е само со еден филтер.
    Причини: Вие сте го купиле најновиот соковник кој оди само со еден усовршен филтер. Соковникот HU-100 е усовршен во последнава година и најновиот модел е со еден филтер со боја на килибар кој сега е направен со многу појак Ultem материјал. Овој Ultem филтер ја обработува храната и фино и грубо така што нема потреба постојано да се менува филтерот. Постарите модели беа со еден бел и еден жолт филтер одделно.
    Решение: /

  • Садот е заглавен и не се отстранува од основата.
    Причини: Вишок храна во садот. Непозната супстанца во садот.
    Решение: Притиснете го копчето „reverse“ 3-5 секунди. Повторете го процесот 2-3 пати. Потоа, притиснете со садот нагоре додека се врти.

  • Инката/капачето е заглавено
    Причини: Вишок храна во садот. Непозната супстанца во садот.
    Решение: Притиснете го копчето „reverse“ 3-5 секунди. Повторете го процесот 2-3 пати. Потоа, притиснете надолу од врвот на капачето додека се врти.

  • Моторот е заглавен или престанал да работи.
    Причини: Вишок храна во садот. Прегревање.
    Решение: Притиснете го копчето „reverse“ 3-5 секунди. Повторете го процесот 2-3 пати. Ако моторот престанал да работи, оставете да се олади пред да се обидете повторно.

  • Истекување под садот.
    Причини: Подлогата за екстракција не е правилно наместена.
    Решение: Осигурете се да ја наместите подлогата цврсто по миењето.

  • Чкрипење додека се прави сок.
    Причини: Триење меѓу навртката и садот или храната.
    Решение: Чкрипењето е потполно нормално. Не го вклучувајте соковникот без никаква храна.

  • Уредот вибрира.
    Причини: Знак дека моторот работи правилно.
    Решение: Вибрацијата е потполно нормална. Сепак, сериозното тресење кое предизвикува нерамнотежа на уредот треба да се провери поради можна дефектна навртка.

  • Водени капки или гребнатинка на навртката.
    Причини: Самиот производствен процес.
    Решение: Овие линии на навртката се потполно нормални.

  • Обоени дамки на садот, филтерот и ротирачката четка.
    Причини: Природната боја од храната.
    Решение: Hurom е без бисфенол-А и без хемикалии на сите делови, па оттука природната боја од храната додека се прави сок е потполно нормална. За да се намали боењето, исплакнете и исчистете веднаш по секоја употреба. Исто така, може да се користи разреден оцет или избелувач.

  • Мувла во силиконскиот дел од ротирачката четка.
    Причини: Слабо чистење.
    Решение: Осигурете се да исчистите темелно со отстранување на силиконските четки од ротирачката четка. Не заборавајте повторно да ги наместите пред правење сок.

  • Оштетување на филтерот.
    Причини: Мраз, замрзната храна, големи тврди семки, непозната супстанца или вишок храна во садот.
    Решение: Прочитајте го упатството за употреба за правилна употреба и совети за правење сокови. Запомнете да не го преполните со храна или со сила да ја внесувате внатре.

  • Деформирање на деловите
    Причини: Изложеност на жештина или абразивни материјали.
    Решение: Не ги мијте деловите во машина за садови и не употребувајте тешки средства за чистење. Пластиката може да се деформира кога е изложена на висока температура.

  • Се исфрла премногу пулпа.
    Причини: Вишок храна во садот кој го затнува филтерот или храна која не е пресечена на мали парчиња.
    Решение: Пресечете ја храната, посебно храната со растителни влакна, на помали парчиња за да се избегне замотувањето на влакната околу навртката.Исто така, полека ставајте ја храната овозможувајќи сета пулпа да се исфрли пред да додадете уште храна.

| Контакт| Веб продавницаCopyright © 2012 Hurom Slow Juicer