Торта со пулпа од моркови
Состојки:
- ¾ чаша вода
- 1 чаша пулпа од морков
- 2/3 чаша од растително масло
- 2/3 чаша мед
- 1 јајце
- 2 чаши интегрално брашно
- 2 лажички прашок за пециво
- ½ лажичка морска сол (изборно)
- 1 лажичка чист екстракт од ванила
- ½ лажичка чист лимонов екстракт
Подготовка:
- Додадете вода во пулпата од моркови и во мало тенџере гответе на многу мала температура 10 минути, мешајќи често за да не изгори пулпата.
- Во меѓувреме, измешајте ги маслото и медот заедно во чинија, а потоа изматете го јајцето.
- Помешајте ја зготвената пулпа од моркови, брашното, прашокот за пециво и морската сол(ако сакате).
- Додадете ги екстрактите од ванила и лимон, помешајте и со лажица нанесете го тестото на мрсна подлога за колачиња.
- Печете 12-15 минути во загреана рерна на 200 °С.